Во последниот натпревар од првиот круг на мечевите во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација триумфираше над Гибралтар со 4:0 и остана во трката за првото место во групата.
Серијата погодоци ја отвори Енис Барди, потоа следуваа два гола на Бојан Миовски, а точка на низата стави Дарко Чурлинов.
До крајот на ова издание на Лигата на нации, Македонија ќе одигра уште два натпревари, против директниот конкурент за првата позиција Грузија и Бугарија во Скопје.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.















