Спорт Фудбал

Милевски: Наша обврска е секогаш да играме на ниво и да го дадеме нашиот максимум

Во пресрет на утрешниот дуел со Гибралтар, селекторот Благоја Милевски се соочува со низа проблеми околу составувањето на тимот.

Поради повреда Александар Трајковски нема да биде во комбинација за утрешниот дуел, поради жолти картони право на настап нема Давид Бабунски додека неизвесно е дали ќе игра и Елиф Елмас, кој исто така се жали на повреда.

“Што се однесува до играчите, во моментов можам да кажам дека Трајковски нема да биде во комбинација, Елмас под знак прашалник. Неколку играчи поради настинка се дискутабилни. Голем број на играчите поради распоредот се исцрпени. Искрено ќе мора да почекаме да видиме со кој тим утре ќе истрчаме. Како ќе го одиграме натпреварот не треба да се поставува прашање. Наша обврска е секогаш да бидеме на ниво и да го даваме нашиот максимум. Имаме максимален респект кон секој противник а тоа се однесува и на утрешниот натпревар”, истакна предводникот на националниот тим.

Што се однесува до самиот меч тој  потенцираше дека мораме да ја подобриме играта во самата завршница од нападот бидејќи само така можеме да дојдеме до планираните три бода.

“Последниот натпревар одигравме 60 минути на високо ниво но ни фалеше тој завршен пас. Мора да бидеме поконкретни во последната линија. Доминантни сме имаме посед, но во таа завршна фаза мора да бидеме поконкретни. Зошто го немаме тој момент има голема улога и формата на самите играчи. Тие се играчите исти кои постигнувале и по пет и по три бода. Факт е дека ни недостасуваше тој момент. Сите што се повикани ќе добијат шанса, а тоа се однесува и за Етеми. По последните случувања сите се во комбинација и сигурно и Ваљон ќе добие шанса на утрешниот натпревар”, заврши Милевски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе