Македонската фудбалска репрезентација претпладнево го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Гибралтар, последен во овој јунски циклус од мечевите во Лигата на нации.
По поразот од Грузија во четвртокот, нашите фудбалери се апсолутни фаворити во соочувањето со Гибралтар, но тоа мора да се потврди на теренот и на крајот да се освојат веќе планираните три бода.
Утрешниот натпревар се игра на арената Тодор Проески и почнува во 18 часот, а цената на билетите е 250 и 300 денари.
ФОТО: Игор Паневски











