На Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година, а домаќин е Германија три селекции ќе обезбедат пласман преку ова издание на Лигата на нации.
УЕФА потврди дека победниците во А, Б и Ц лигата ќе бидат дел од континенталниот шампионат.
Според правилата, победникот од секоја група во следното издание ќе биде промовиран во повисок ранг од натпреварувањето, а воедно стекнува и право да биде дел од баражите за учество на Европското првенство.
Баражите во сите рангови од Лигата на нациите ќе се играат по завршувањето на квалификациите за Европскиот шампионат бидејќи националните тимови кои веќе обезбедиле учество во Германија своето место ќе му го отстапат на следната репрезентација на табелата.
Доколку на крајот нема доволно репрезентации кои би го пополниле баражот во решавачката трка за учество на континенталниот шампионат ќе се приклучат најдобрите од Д лигата.
ФОТО: Игор Паневски
