Македонија

Минатата недела за 7% помалку инфицирани од корона вирусот

11,129 тестирања, 839 инфицирани граѓани и 119 завршиле во болнички кревет. Ова е билансот од минатата недела, која се вброи во најпозитивната недела откако пандемијата со новиот вирус зема замав.

Во статистичката обработка на податоците од институтот за јавно здравје се наведува дека падот се однесува и на вкупниот број заболени споредено со претходните недели, но и од бројот на заболени од тестирани.

„Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7.0%, во однос на минатата недела. Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5 %, што претставува намалување од 0,3% во однос на претходната недела.“ – соопшти институтот за јавно здравје.

Од бројот на новозаболени Скопје води со една третина од новозаразените. Но, она што загрижува е порастот на заболени кај популацијата од 30 до 39 години, број кој надминува 18 проценти од сите вкупно заразени.

Сеуште најпогодени од вирусот  се оние граѓани над 60 години или 24 проценти.

„Пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.“ – пишува во извештајот на институтот за јавно здравје.

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9  2,4 % и 10-19 години 5,8%.

Од вкупниот број нови случаи измиантата недела 307 имале контакт со потврден случај.

Од градовите на Скопје му отпаѓаат 5700 вкупно инфицирани до почетокот на пандемијата, а зад него се Куманово, Тетово и Штип, а инфицирани бележат сите 29 градови во земјата, додека последен е Пехчево со 12 инфицирани. Македонија сеуште е предводник во морталитетот на целата популација споредено со земјите од регионот.

Со 275 жртви до болеста Ковид -19 на еден милион жители, зад нас се Босна и Херцеговина со 174, Бугарија со 82, и Србија со 81 починат.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе