Македонија

Судењето за Меѓународен сојуз почна со доказна постапка- Јовановски облечен во тон

Струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски бара отштета од 195 илјади евра сума која е пониска од онаа во обвинението,  според кое Боки 13 го довел во заблуда да му исплати 233 илјади евра.  Амзоски се приклучува и кон кривичниот прогон кон сите обвинети , Јовановски, неговиот татко, неговата соработничка, експратениката Ременски и Јасна Ерцеговиќ од невладината.

Одбраната реагираше дека треба прво да се утврди неговиот статус пред да се прогласи за оштетен  поради тврдењето дека тој бил полномошник а не е управител на фирмата “Дрим Билдинг”. Судијката побара од Амзоски да достави  дополнителна документација, до судот.

Другиот оштетен во предметот Меѓународен сојуз, битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, денеска не беше присутен во судница за да се прозинесе дали и колкаво ќе биде неговото имотно побарување. Според обвинението, оштетен е за сума е 720 илјади евра.

Обвинителката Ивана Трајчева денеска започна со презентирање на писмени докази. На наредните рочишта ќе се изведуваат и снимки, пораки, вештачења. Свои докази и сведоци најавува и одбраната.  Ременски која се товари дека со својот углед и авторитет го поддржувала Јовановски на средбите со оштетените,  во изјава за медиумите објасни дека предложила контра докази за да ја побие тезата на јавното обвинителство. Наспроти видеоснимката на обвинителството од претресот на полицијата во нејзиниот дом  и експратеничката предлага снимка од видеоадзорот кој бил исклчучен кога влегле инспекторите, додека во домот немало никој.

-„Видео материјалот во смисла на влезот во дом што е направен од страна на МВР ќе дозволиме да бидеме емитуван, до влезот. Меѓутоа, приложуваме и ние видео доказ за неовластен влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме секако видео материјалите со кои ќе видиме колку кореспондираат со она кое што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење дека имаме комплетно невослатено влегување и незаконски претрес во мојот дом“, изјави Ременски ,

Јовановски беше облечен во тон. Маската и кошулата му беа во иста боја, но доби забелешка од обвинителката дека често маската му беше спуштена под устата. Таа побара од судијката да апелира до присутните во судницата, правилно да ги носат заштитните маски, на што тој и одговори да не се секира, бидејќи дистанцата меѓу нив е 5 метри.

Боки 13 е обвинет за перење пари и измама, дека лажно им прикажувал на бизнисмените дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата .

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе