Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од потпретседател на Собранието, а не го прифаќа предлгот на Заев да се откажат од потпретседател

ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа предлогот на Зоран Заев да се откажат од потпретседателското место во Собранието, за и социјалдемократите да се откажат од свој потпретседател, но истовремено од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да кандидираат свој потпретседател на Собранието. Телма од ВМРО-ДПМНЕ побара појаснување на овој по малку контрадикторен став, да не кандидираат потпретседател, а истовремено тоа да не значи дека ја прифатат понудата на Заев да се откажат од потпретседател.

ВМРО-ДПМНЕ вчера предлогот на Талат Џафери да има пет заеменици го оцени како непотребно трошење на пари од буџетот, по што Заев денеска им упати понуда и двете партии да се откажат од оваа функција.

„Нека се откаже ВМРО-ДПМНЕ од свој претставник како ВМРО-ДПМНЕ за потпретседател на Собранието, ќе се откаже и СДСМ од свој претставник за потпретседател на Собранието. Еве ќе имаме три потпретседатели“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев проблематизирањето на бројот на потпретседателските места од страна на ВМРО-ДПМНЕ го нарече купување политички поени на лажна основа, валејќи дека петте потпретседателски места во Собранието се утврдени уште во 2017 година.

Одговорот од ВМРО-ДПМНЕ стигна брзо.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да го легитимира нечесниот предлог на Заев кој е самоз а коалиција, трговија и пазарџиство и оттука нема да го прифати неговиот предлог. Парите треба да се трошат за народот, а не за трговија на Заев“, изјави Дафина Стојаноска во име ВМРО-ДПМНЕ.

Иако на прес-конференцијата беше најавено дека во партијата дополнително ќе се разговара дали ќе предложат потретседател на Собранието:

– Ќе предложите вие потретседател на Собрание?

 

„За тоа дополнително ќе разговараме. Но овој предлог на Заев не го прифаќаме, бидејќи е предложен за други цели“, изјави Стојаноска.

Од партијата потоа дополнително информираа дека нема да предложат свој потретседател, но не дообјаснија како тоа ќе значи неприфаќање на предлогот на Заев.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера побараа точката за утврдување на бројот на потпретседатели да се тргне од дневниот ред на Собранието. Според нив петте потпретседатели на Собранието со себе повлекуваат исто толку нивни кабинети и дополнителни трошоци, а како аргумент го наведоа и фактот дека од тројца потпретседатели во претходниот состав на собранието само еден од нив го заменувал Џафери.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стојановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе