Вести Македонија Најважни

ФОТО: Цитат на негирање на македонскиот народ- дел од ентериерот на Клубот „Ванчо Михајлов“

Уште на 8-ми и 9-ти февруари оваа година завршило уредувањето на ентериерот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој поради институционални и законски пропусти успеал да понесе име на соработник и штитеник на усташкиот лидер Анте Павелиќ од Втората светска војна и НДХ.

Свеченото отворање на клубот во саботата предизвика реакции на вознемиреност поради непочитување на чувствата на припадниците на македонскиот народ. На манифестацијата беа присутни повеќе бугарски политичари, како и радикални опозиционери од Бугарија, а во Битола беше и бугарскиот премиер Кирил Петков.

Во февруари во клубот биле поставени слики од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни фигури од историјата помеѓу двете светски војни.

Од дејците кои се залагале и бореле за слобода на Македонија, во клубот се ставени и фотографии од Гоце Делчев и Даме Груев, како што може да се види од фотографиите кои се објавени на ФБ профилот на клубот Ванчо Михајлов.

Најспорна е сликата од цитат на Михајлов од неговото негаторско обраќање за македонците кое го напишал во 1983-та година во Рим, на 80-годишнината од Илинденското востание и на 90 години од формирањето на ВМРО.

Од тој запис во кој Михајлов пишува таканаречената македонска нација, на ѕидот во клубот во Битола стои цитат:
-Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и на Илинден беа и остануваат човековите права и слободата. Значи, залудни се напорите на маскираната (измислената) македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи.
– Ваш: Ив. Михајлов

Клубот Ванчо Михајлов инаку е регистриран во 2019-та година, а институциите се оправдуваат дека дозволата била дадена бидеќи не постоела забрана за користење на името на Ванчо Михајлов и покрај неговата соработка со фашистички режим во Втората светска војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе