Спорт Фудбал

Ашковски: Добро да се подготвиме за мечот со Португалија

Стефан Ашковски беше дел од екипата која пред три дена во Палермо успеа да ја елиминира Италија и да се пласира во финалето од баражите за пласман на Светскиот шампионат во Катар.

“Ова е лудило што ни успеа во Палермо. Португалија е силна репрезентација, но и ние имаме одличен тим. Мислам дека тоа е натпревар со отворен резултат, не сме сигурни ‘жртви’ за Португалците. Ќе видиме како ќе се одвива играта. Не се плашиме од никого, дури ни од Кристијано Роналдо и од ѕвездите на Португалија. Ние сме едно сплотено семејство, обединета група, мислам дека оттаму доаѓа нашата сила. Сега сакаме добро да закрепнеме, бидејќи се вложија огромни напори, а имаме уште неколку дена да се подготвиме соодветно за овој важен решавачки натпревар”, рече Ашковски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе