Македoнската фудбалска репрезентација синоќа во Палермо ја извојува најголемата победа во својата историја, откако ја совлада Италија на гостински терен со 0-1.
Голот на Александар Трајковски во градот во кој помина четири години ја фрли нацијата во транс и веќе е остварен најголемиот успех во нашата историја.
„Не беше во план да играме вака и да упатиме само два удари кон голот. Но, игравме против европскиот првак и да се победи ваква селекција не е мала работа. Италија е во моментот најдобра европска репрезентација. Оваа Македонија не се ориентира само на одбрана, но противникот беше пеколен. Драго ми е што Трајковски имаше одлична партија во „својот дом“ и ја круниса таа партија со гол.
Не застануваме тука, ни следи последниот чекор пред пласман на Светско првенство.
Драго ми е кога се смета за неуспех кога ремизираме против Ерменија, Романија и Исланд. На добар пат сме да потврдиме зошто сме меѓу најдобрите дваесет селекции во Европа“, рече селекторот на репрезентацијата МИЛЕВСКИ.
Македонската репрезентација утре попладне патува за Скопје, а в недела ќе отпатува за Порто по место во фудбалската историја и пласман на Светско првенство.
