Вести Економија

Владина делегација во вторник во Србија ќе договара увоз на пченица

Љупчо Николовски, министерот за земјодеслство во вечерашната Топ Тема н Телма најави дека  во вторник со државниот советник Трајан Димковски ќе отпатуваат во Србија на состанок со тамошните власти.

„Таму ќе го утврдиме динамичкиот план на испорака на пченица според потребите на домашното стопанство, на коморите со кои интезивно разговараме и ги очекуваме финалните бројки, па да видиме дали ќе биде 50 тони пченица, да видиме колку се потребите. Будно ја следиме состојбата и врз основа на тоа носиме одлуки“, рече Николовски.

Владината одлуката за забрана на извоз на пченица за уште еден месец ја оцени како исправна, бидејќи како што рече Николовски „мора да го штитиме домашното производство и да се грижиме за домашните потреби. Ние го следиме зголемениот извоз на пчените и затоа алармиравме и ја донесовме таа забрана“, рече Николовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе