Ракомет Спорт

Стојковска: Голем предизвик е да се игра против Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија со дуелот против Црна Гора во Скопје ги почнува подготовките за настап на Европското првенство што ќе одржи следната година, а една од домаќините е и нашата земја.

Дуелот со една од најдобрите селекции на Стариот континент сигурно дека е огромен предизвик за македонските ракометарки, но и одлична можност за дополнително искуство кое и тоа како и е потребно на оваа селекција која е одличен спој на младост и искуство.

“За нас е голем предизвик да играме со Црна Гора која е во самиот врв на светскиот и европскиот ракомет. Најважно за нас е што немаме што да загубиме, овој натпревар е вистинска можност да видиме до каде сме, што треба да поправиме во нашата игра, а тоа е што е добро да го кренеме на уште повисоко ниво. Имаме мотив да одиграме добро, да се прикажеме во најдобро светло. Квалитет во оваа селекција има и со овие мечеви само можеме да го подобриме нивото на нашата игра”, изјави Симона Стојковска.

Натпреварот во А1 Борис Трајковски арената почнува во 20 часот и 15 минути, а влезот за сите гледачи е слободен. Според протоколите во нашата земја дозволено е исполнување на капацитетот на трибините од 30%.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе