Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Вимблдон по поразот во првото коло од ланската финалистка Аманда Анисимова.
Американката, која е шеста носителка на грен-слемот, ја оправда фаворитската улога и славеше во два сета. Ѓорческа даде достоен отпор во првиот сет, но Анисимова го доби со 6-3. Во вториот сет нашата тенисерка поведе со 1-0, но потоа Американката освои пет гема по ред. Анисимова имаше и меч-топка при 5-1, но Лина успеа да го освои гемот за 2-5. На свој сервис, фаворитката потоа го затвори мечот за конечни 6-2.
И покрај поразот, Ѓорческа испиша нова историја за македонскиот тенис, бидејќи стана првата македонска тенисерка што настапила во главната ждрепка на еден грен-слем турнир. Таа претходно мина три квалификациски кола, а за настапот во првата рунда на Вимблдон ќе заработи 80.000 фунти.
*Фотографијата е генерирана со помош на вештачка интелегенција
