Вести Македонија Најважни

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Педесет и едногодишен маж утрово е уапсен под сомневање дека ја убил својата поранешна сопруга, го фрлил нејзиното безживотно тело а потоа ја пријавил како исчезната во полиција. Покрај него осомничени и приведени се уште три лица, но од полицијата засега нема информации дали и тие учествувале во извршувањето на убиството или во прикривањето на трагите.

Кога точно се случило убиството засега полицијата нема информации бидејќи се уште трае распитот на приведените во полициските станици.

Осомничениот и жртвата, и покрај тоа што веќе не биле во брак  живееле во нивниот дом во селото Таор во близина на населбата Драчево,

Осомничениот во петокот ја пријавил четириесет и осумгодишната жртвата како исчезната за вчера да пријави дека го нашол нејзиното тело во близина на селото Летевци кое  е на 18 километри оддалеченост од семејната куќа во Таор.

Од Обвинителството соопштија дека станува збор за тешко пристапна локација во шума во атарот на ова мало село. Каде е извршено убиството полицијата истражува.

  • На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.  На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69)“ – Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Самиот факт што телото било во фаза на распаѓање укажува на тоа дека таа била убиена пред да биде пријавена за исчезната. Според информациите со кои располага Телма се дека тројцата приведени не се роднини на осомничениот убиец а инспекторите утврдуваат дали биле сведоци на убиството и дали му помагале во криење на телото и доказите.

Телото на починатата , по наредба на обвинителството е предадено на обдукција која треба да утврди кога, како и од што настапила смртта кај четириесет и осумгодишната жена.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе