Денеска во Пешкопеја, Албанија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со неговиот албански колега министерот Бесфорт Љамалари, потпиша Договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.
- Овој договор претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и помодерно управување со нашата заедничка граница, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите на двете земји. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово, напиша Тошковски на Фејсбук.
Тој вели дека целта е јасна, а тоа е побрз проток на луѓе и стоки, намалување на времето на чекање и истовремено зајакнување на безбедноста преку координација и заедничко делување.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
