Вести Македонија Топ вести

Дронови и воздухоплови ги бранат шумите од пиромани – доброволните пожарникарски друштва на готовс

Портокалова фаза за граѓаните, црвена за надлежните. Високите температури од ден во ден го зголемуваат ризикот за појавата на пожари на отворено и во шумите, а во таа насока од први јули граѓаните ќе може да се движат низ шумите само ако претходно добијат одобрените од надлежните институции.

МВР најави дека покрај дронови ќе користи и воздухоплови за да ги лоцира и спречи подметнувачите на пожари. Министерот Тошковски кажа дека во тек е техничко екипирање и обука на полициските службеници а во наредните години стапката на овој криминал ќе се намали.

  • „Започнува кризната состојба за да може да ги ставиме во функција сите капаците кои ги имаме на располагање и да можеме соодветно да одговориме на сите предизвици. Да, имаме активирано и дронови и средства за надгледување, воздухопловните капацитети се активирани од аспект на надгледување на теренот.  Многу вложуваме во делот на технологија, надзор, надгледување, јакнење на капацитетите на полицијата. Сметам, дека од година во година ќе има се подобар и подобар одговор во овој  дел“ – Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Доброволните противпожарни друштва се подготвени и стојат на располагање на ДЗС и на ЦУК. По средбите со директорите на овие две државни агенции се надеваат дека годинава, доколку е потребно, ќе бидат повикани во гасењето на пожарите.

  • „Доброволниот сектор стои на располагање во секое време од аспект на тоа, треба да се мобилизира, од тој аспект бидејќи е мобилен и достапен баш во овој период кога се јавуваат овие се позагрижувачки и се позастрашувачки пожари. Свесни сме дека наидуваме на ситуации кога институциите не ја разбираат потребата од нашето дејствување. Сметаме дека оваа година ќе не стават да бидеме што поактивни на терен за да допринесеме максимално во супримацијата на се позачестените пожари“ – Кирил Михајлов, претседател мрежа на доброволни противпожарни друштва во Македонија.

Засега нема најави за законски измени за заострување на казните за подметнувачите на пожари и за забрана на сеча и продажба на опожарените дрва од приватни компании.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Попладнево активни се три пожари во државата

Дејан Дејан

Истрага за марихуана, Сејф сити, банди, успеси и критики за двегодишниот отчет на Тошковски во МВР

Дејан Дејан

Има уште многу работа во МВР, министерот Тошковски на прашањето дали е сигурен или ќе менува ресор во реконструкцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе