79 годишен возач на мерцедес предизвикал сообраќајна несреќа и оштетил шет паркирани волзила на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
По ударот тој не застанал туку избегал. Полицијата го уапси во селото Коњско, a kaj него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта. Oдземени му се возачките и сообраќајни документи .
„На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско.
Тој, претходно, на булевар „Туристичка” во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото“, соопштија од полицијата.
