Полицијата уапси 37 годишен кочанчанец кој бил фатен како превезува поголема количина на брендирана облека.
Во неговото возило биле пронајдени 1.848 парчиња облека од познати фирми. Имало маички, тренерки, шорцеви и дуксери.
Од полицијата информираа дека „при извршената контрола на патничкото моторно возило „Опел“ кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери)..
Лицето е лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка
