Вести Свет

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северниот дел на Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и централата „Фукушима Даичи“, што беше тешко оштетена во разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година, и фабриката за преработка на потрошено нуклеарно гориво во Аомори, не пријавиле никакви неправилности по денешниот земјотрес.

Јапонија се наоѓа во сеизмички активна област позната како Тихоокеански огнен прстен, и е една од најизложените земји во светот на земјотреси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе