Имаме сериозно нарушување на меѓуетничките односи во изминатите две години, иако премиерот и ВМРО-ДПМНЕ арогантно сакаат тоа да го претстават како наметнат наратив од опозициската ДУИ, рече аналитичарот Сефер Селими во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Меѓутоа кога ќе видите каде се движат меѓуетничките односи, јас не сум многу сигурен дека во наредните години ние ќе бидеме во најстабилна или најкохезивна состојба, каде што ќе имаме можност да зборуваме за други теми, освен темите кои се однесуваат на етнички релации. Допрва ќе стигне фактурата за тој дел“, смета Селими.
На меѓународен план, додаде Селими, Македонија по вторпат се прикажува како земја која потпаѓа под српско, руско и кинеско влијание кое се зголемува за што се повика на најновиот извештај од Европскиот парламент.
С.Д.
