Вести Македонија

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Од 22 јуни до 1 јули привремено ќе биде прекинат железничкиот сообраќај на повеќе линии во државата, поради завршни градежни работи на делницата Скопје – Зелениково, во рамките на проектот „Градски воз“, информираат од ЖРСМ Инфраструктура.

Во овој период нема да сообраќаат патничките возови на релациите Скопје – Гевгелија, Скопје – Битола и Битола – Велес, како и дел од возовите на линијата Скопје – Велес, при што се укинуваат повеќе редовни возни броеви во двата правци.

Од претпријатието апелираат до граѓаните навреме да ги планираат патувањата и да користат алтернативен превоз додека траат градежните активности на железничката инфраструктура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе