Вести Македонија

Расте бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа

Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал од 2025 година достигнал 228.581, што претставува раст од 2,57 проценти во однос на претходниот квартал и 14,24 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Според извештајот, вкупниот број претплатници на широкопојасен интернет изнесувал 555.415, со раст од 0,92 проценти во однос на третиот квартал и 1,61 процент споредено со истиот период претходната година.

Оптичката мрежа останува најзастапена технологија за пристап до интернет со удел од 41,15 проценти.

Во мобилната телефонија биле регистрирани 1,99 милиони активни претплатници, при што најголем пазарен удел имаат А1 Македонија и Македонски Телеком.

Истовремено, бројот на претплатници на ТВ-услуги достигнал 443.780, со раст на „IPTV“ услугите и пад кај кабелската и дигиталната терестријална телевизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе