Вести Економија Топ вести

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Ако дојде до зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, уверуваат банкарите по вчерашната одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата од 4 на 4, 25 отсто, а од која пак зависат каматите и на кредитите и на депозитите. Велат дека од потегот на НБРМ не се изненадени и е очекуван поради тоа што се уште се присутни инфлаторните притисоци и неизвесноста.

Тоа беше очекувана не беше изненадување затоа што и Европската банка пред извесно време ја зголеми. Она што ние можеме да го кажеме е доколку дојде до зголемување на каматните стапки за корисниците тогаш тоа би се одвивало многу постепено, изјави Хрисула Кутуди,  генерален извршен директор на Стопанска банка Скопје

Во НЛБ Банка за Телма велат дека на одлуката за зголемување на каматната стапка гледаат  како на мерка за одржување на макроекономската и ценовна стабилност во услови на зголемени инфлаторни ризици и надворешна неизвесност.

Внимателно ги следиме монетарните движења и сигналите од Централната банка, при што сите понатамошни деловни одлуки, како и досега, ќе ги носиме одговорно, врз основа на пазарните услови, трошоците на финансирање и потребата за зачувување на стабилноста и предвидливоста за клиентите. И понатаму остануваме посветени на обезбедување одржлива и конкурентна понуда, со внимание кон интересите на клиентите и кон пошироката економска стабилност.“ соопштија за Телма од НЛБ Банка

 Гувернерот Славевски пак вчера кажа дека во вакви услови на раст на цените, подобро е да има зголемување на каматните стапки отколку да расте инфлацијата која последно изнесуваше 4, 8 отсто во мај во однос на мај лани.

Потенцира дека иако има благ пат сепак ризици се уште постојат. Затегнувањето на монетарната политика обично е сигнал за поскапување на кредитите но и за зголемување на каматите на депозитите. Но, за тоа дали, колку и кога би имало нагорни корекции секоја банка самостојно треба да одлучи.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе