Вести Македонија Топ вести

Нема реформи, нема напредок, Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ – СДСМ со реакција за нацрт-извештајот на ЕП

Нацрт-извештајот на Европскиот парламент: Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време; Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно; Ги повикува политичките чинители итно да се воздржат од политичко мешање во правосудството; Се нагласува важноста од независноста на судството, вклучително и преку зајакнување на Судскиот совет, во согласност со препораките и мислењето од мисијата за колегијална ревизија на Венецијанската комисија од 2023 година; Се констатира, со загриженост, дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата против корупцијата и дека таа останува распространета во многу области, ова се само дел од забелешките на СДСМ.

Опозицијата потенцира дека посебна загриженост предизвикуваат измените на Кривичниот законик, кои создаваат неказнивост за функционерите на власта.

  • Се нагласува дека постои значителен и необјаснив јаз меѓу формално најавените истраги за корупција и судските утврдувања на вина во случаи на корупција на високо ниво. Се изразува загриженост и поради стратешкото преземање на клучни телевизиски станици и новински портали од страна на унгарски медиумски субјекти, со што се овозможува ширење на антиевропски наративи. Уште една потврда на она што СДСМ го говори подолго време. СДСМ со месеци зборува за медиумската мрежа на Орбан, која контролира 40% од медиумите во Македонија, како и за антиевропските кампањи, а сега и за медиумите на Вучиќ преку Euronews, се вели меѓудругото во соопштението на СДСМ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои извештајот на Вајц со барањето за историската комисија

Дејан Дејан

40 проценти од владините ветувања на половина од мандатот не се исполнети, а целосно се реализирани само 13%

Дејан Дејан

Банкарите уверуваат : Ако има зголемување на каматите тоа ќе биде постепено, одлуката на НБРМ не ги изненадила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе