Вести Македонија Топ вести

Уставен пушти во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“

Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност.

  • Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени, соопштија од судот.

Како што велат преку „Дознај ФАКТИ“, Судот ја зајакнува својата проактивна комуникација со јавноста, обезбедувајќи место каде што фактите ќе бидат достапни и лесно разбирливи. Платформата ќе содржи точни и официјални информации, појаснувања на одлуки и постапки, разликување на фактите од шпекулациите, како и едноставни објаснувања за уставно-правни прашања.

  • Покрај актуелните содржини, платформата ќе објавува и податоци за Судот, организацијата и надлежностите, значајни одлуки од уставно-судската практика, како и интересни факти од историјатот на Уставниот суд и развојот на уставното судство. На овој начин, „Дознај ФАКТИ“ ќе претставува и едукативен простор кој ќе придонесува за унапредување на јавната, правна култура и подобро разбирање на улогата на Судот во заштитата на уставноста, законитоста и човековите права и слободи, се вели во соопштението.

Повеќе информации прочитајте тука: https://ustavensud.mk/%D0%BC%D0%BA/%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%98-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Oтфрлен предлогот за ограничување на населението во Швајцарија

Дејан Дејан

Децениски ризик за Тетово: Необезбедениот цевковод во планината е закана за водоснабдувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе