Вести Економија Топ вести

СДСМ со платформа: „Твоја држава, твоја шанса“ за плати што го следат животот и економија што работи за луѓето

Вистината е дека македонската економија се распаѓа –  граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари. На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра, рече Рената Младеновска на денешната прес конференција на СДСМ.

Според партијата владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема.

Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари.  Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани. Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија.

Затоа предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка.

  • Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници. Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија. Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали, рече Рената Младеновска на денешната прес конференција на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Анонимно писмо го предвиде изборот на Синани во антидискриминација

Дејан Дејан

Oтфрлен предлогот за ограничување на населението во Швајцарија

Дејан Дејан

Децениски ризик за Тетово: Необезбедениот цевковод во планината е закана за водоснабдувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе