Вести Свет

Арагчи: Договорот со САД за завршување на војната никогаш не бил поблиску

Договорот со САД за завршување на борбите во Иран „никогаш не бил поблиску“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Сајед Абас Арагчи.

Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, кој посредува меѓу завојуваните страни, ја потврди изјавата на Арагчи, велејќи дека „финален, усогласен текст на мировниот договор е постигнат и Пакистан сега тесно соработува со двете страни за да ги финализира следните чекори“.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја сподели објавата на Арагчи, во која тој исто така ги повикува медиумите да не шпекулираат за содржината на договорот.

Иранските медиуми објавија детали за наводниот договор, поради што Трамп изјави дека тие „немаат никаква врска со условите што беа договорени“ и дека „немаат никаква врска со вистината“.

Трамп го обвини Техеран дека ги протекол деталите и додаде дека тие се „многу нечесни луѓе за соработка“.

Во четврток, американскиот претседател изјави дека ги откажал „планираните напади“ врз Иран, бидејќи преговарачите „ постигнале голема напредок“ — договор што најверојатно ќе биде потпишан во најскоро време.

Трамп повеќепати зборуваше оптимистички за изгледите за договор за завршување на непријателствата што започнаа со широки американски и израелски напади низ Иран на 28 февруари.

Иран одговори со напади врз Израел и врз земји во Заливот кои се сојузници на САД — како и со ефективно затворање на Ормускиот теснец, клучна морска рута за светската нафта и течниот природен гас.

И покрај тоа што во април беше договорен прекин на огнот, САД и Иран повремено разменуваа оган, вклучувајќи две рунди на меѓусебни напади оваа недела.

Израел не е вклучен во разговорите, кои главно се посредувани од Пакистан и имаат цел да доведат до продолжување на прекинот на огнот и почеток на преговори за клучни прашања, вклучително и нуклеарната програма на Иран. Со децении, Иран е обвинуван од западните земји дека се обидува да развие нуклеарно оружје. Иран ги негира тие обвинувања, велејќи дека неговата програма е за мирољубиви цели — за производство на електрична енергија и за истражувачки цели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Изложба „Пркосните 12“ во КЦ Јадро – фотографијата како средство за комуникација и експресија

Дејан Дејан

Соочени со дискриминација во остварувањето на законските права – воените ветерани од „Братство 2001“ на средба со Сиљановска-Давкова

Дејан Дејан

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе