Нови протоколи за работа на базените и плажите. Попладнево, Владата донесе одлука плажите да се користат со физичко растојание од 1,5 – 2 метри и задолжително носење маска и од посетителите и од вработените.
Базените во хотелите треба да бидат достапни само за хотелските гости. На плажите не се препорачува користење гардероби.
Во рестораните и кафулињата ќе може да седат повеќе од две односно четири лица, што значи дека е укинато ограничувањето.
Ова се дел од протоколите што Владата ги донесе на денешната седница.