Расте интересот за купување автомобили на лизинг, но најчесто оваа опција ја користат компаниите. Лизинг индустријата во Македонија минатата година направила профит над 3 милиони евра, а вкупната актива била 260 милиони евра.
Иако секторот расте, сепак директно е зависен и од стратегијата на државата за обнова на возниот парк, чија просечна старост сега надминува 19 години. Засега Македонија е единствена држава во регионот што нема субвенции за набавка на електрични возила, иако има најави дека наскоро може да ги има.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
