Ги зголемивме платите во јавното здравство, сега говориме за зголемена одговорност, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Одговорност мора да има. Не може еден доктор да биде дежурен во иста ноќ и во Скопје и во Битола. Не може сите вработени во една установа да имаат ист број на прекувремени часови за да се постигне некое посакувано ниво на плата. Не може цел ден ништо да не работите во сала, а да се нарекувате хирург“, потенцира Клековски.
С.Д.
