Бизнисот очекува со воведувањето на е фактурата да се намали високиот процент на сива економија, која надминува 30 отсто.
Денеска тие го одржаа првиот брифинг на кој се дискутираше за предизвиците и воведувањето на оваа фактура, која се најавува веќе извесен период.
Споделија и искуства за тоа како се движи процентот на одлив на даноци со воведувањето на ваквата фактура.
Иако сметаат дека ниту еден механизам нема 100 процентна заштита од сива економија велат дека ова е одличен чекот за сузбивање на работата на црно.
