Во музејот Метрополитен во Њујорк се одржа традиционалната „Мет гала“ која ги собра најпознатите и највлијателните луѓе од светот на шоубизнисот.
Темата годинава е насловена „костимографска уметност“ која се фокусира на хеленистичката и римската уметност, што предизвика многу статуетски изгледи на црвениот тепих .

Дрес-кодот на вечерта беше „Модата е уметност“ и разбирливо, многу гости се одлучија за сликарски прикази на тела, а имаше и група која отиде чекор понатаму, трансформирајќи ги своите силуети во скулпторски уметнички дела.
Посетителите на Мет сакаат голи фустани, оваа година тоа особено можеше да се забележи.
Дел од познатите личности се појавија со своите партнери, сопруги со сопрузи, дојдоа мајки и ќерки, браќа и сестри.
Традиционална домаќинка на настанот беше Ана Винтур, глобален директор во „Конде Наст“, а во улога на кодомаќини годинава се појавија Бијонсе, Никол Кидман и Венус Вилијамс. Копретседатели на Комитетот за домаќини на галата се Ентони Вакарело и Зои Кравиц.
Целата поента на галата е да се соберат пари за Модниот институт, кој е единствениот оддел во музејот кој сам се финансира.



