Вести Забава Свет

(Фото) „Мет гала“ ги собра најпознатите и највлијателните луѓе од светот на шоубизнисот

Во музејот Метрополитен во Њујорк се одржа традиционалната „Мет гала“ која ги собра најпознатите и највлијателните луѓе од светот на шоубизнисот.

Темата годинава е насловена „костимографска уметност“  која се фокусира на хеленистичката и римската уметност, што предизвика многу статуетски изгледи на црвениот тепих .

Дрес-кодот на вечерта беше „Модата е уметност“ и разбирливо, многу гости се одлучија за  сликарски прикази на тела, а  имаше и група која отиде чекор понатаму, трансформирајќи ги своите силуети во скулпторски уметнички дела.

Посетителите на Мет сакаат голи фустани, оваа година тоа особено можеше да се забележи.

Дел од познатите личности се појавија со своите партнери, сопруги со сопрузи, дојдоа мајки и ќерки, браќа и сестри.

Традиционална домаќинка на настанот беше Ана Винтур, глобален директор во „Конде Наст“, а во улога на кодомаќини годинава се појавија Бијонсе, Никол Кидман и Венус Вилијамс. Копретседатели на Комитетот за домаќини на галата се Ентони Вакарело и Зои Кравиц.

Целата поента на галата е да се соберат пари за Модниот институт, кој е единствениот оддел во музејот кој сам се финансира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе