Најмалку пет лица беа убиени во руски ракетен напад во украинскиот Харковски регион, според локалните власти.
Пријавени се 18 други повредени, од кои четворица се во критична состојба.
- „Не разбирав што се случува. Ова е трет пат како ни се случува ова. Истото се случи и во зима. Експлозијата беше многу, многу моќна.
- „Колку лошо беше оштетен вашиот стан?“
- „Сè беше разнесено, сите прозорци. Имам стан на аголот, и сите прозорци беа разнесени, од сите три страни. Се приближив до прозорците – не можев да видам ништо, сè беше покриено со прашина. Отидов до тој прозорец и имаше жена како лежеше на тротоарот, веќе мртва.“ – Олександр Болотњи, локален жител.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
