Вести Култура

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за домашни фестивали и манифестации од меѓународен карактер за 2026 година

Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти, за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година.
На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 милиони денари (околу 570 000 евра), што претставува зголемување во однос на претходната година, кога беа издвоени 28 милиони денари 455 000 евра).

  • Дополнително, за првпат беше воведен модел на презентација (пичинг) на проектите, при што апликантите имаа можност директно да ги претстават своите концепти и програмски насоки пред стручната комисија, со цел поголема транспарентност и квалитет во одлучувањето, велат од Агенцијата за филм.

Финансиската поддршка од Агенцијата изнесува до 70% од вкупниот буџет на секој поединечен проект, а при изборот приоритет имале фестивали со докажан континуитет и квалитет, како и нови, иновативни концепти со едукативна вредност и јасна меѓународна ориентација. Со оваа поддршка, Агенцијата за филм продолжува да ги зајакнува домашните фестивали и филмски манифестации кои имаат значајна улога во промоцијата и позиционирањето на македонската кинематографија на европската и светската културна сцена.

Согласно Законот за филмска дејност, Управниот одбор на Агенција за филм на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 30.04.2026 година ги донесе одлуките за прифатени и одбиени проекти по Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.

Резултатите се објавени на следниве линкови:

https://docs.google.com/document/d/1t57_vIvomWFBDJbYNbF76l9ZqRGfyNo5/edit

https://drive.google.com/file/d/1iv4_AvzULuVh9Y0keevDlX5VV_CXIyl0/view

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит џурнал“: САД размислуваат за преместување на базите од Персискиот Залив, опција е Израел, сакаат да бидат надвор од дострел на иранските проектили

Sasko Dimovski

Во возило на кочаначенец најдени 1800 парчиња брендирана облека – шверцувал маички, дуксери, тренерки

Дејан Дејан

Почина македонскиот фолклорист Иван Котев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе