Игор Стефановски Иџе викендот во Котор покажа зошто е еден од најдобрите ридско-брзински возачи во регионот. Македонскиот автомобилист и поранешен европски шампион го освои првото место во конкуренција на 134 натпреварувачи.
Настапот во Котор дојде како одлична можност за Стефановски за потврда на сопствените перформанси во паузата на Европскиот шампонат на ридски патеки на интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА).
Трката ја организираа Автомобилистичкиот и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор и претставува важен настан што се бодува за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите. Станува збор за една од најатрактивните и најпосетувани трки во регионот, а Стефановски, иако не освои бодови, сепак, демонстрираше класа и покажа дека победата е негов императив во сите настапи.
С.Д.
