Францускиот претседател Емануел Макрон повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД.
Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што го објави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Нема да учествуваме во нешто што не е јасно“, нагласи Макрон.
Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, тој исто така оцени дека е клучно да се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Либан.
„Ова е обврска што ја презедоа страните, и го кажувам ова заради суверенитетот, независноста на Либан и заштитата на цивилното население“, рече Макрон.
САД ја стартуваат операцијата „Проект Слобода“-деблокирање на Ормускиот Теснец
