Иран го добил одговорот на САД на својата најнова мировна иницијатива, објавија иранските државни медиуми.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи, изјави дека тие сега го разгледуваат американскиот одговор.
САД сè уште не потврдиле дека му одговориле на Техеран. Претходно, американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека „наскоро ќе го разгледа планот што Иран го испратил, но не може да замисли дека ќе биде прифатлив“.
Иранските државни медиуми наведуваат дека планот на Техеран во 14 точки бара од Вашингтон да ги повлече своите сили од близина на иранските граници, да ја укине поморската блокада на иранските пристаништа, но и да престанат сите непријателства во регионот, вклучувајќи ја и израелската офанзива во Либан.
Иран исто така, повикува на постигнување мировен договор меѓу двете земји во рок од 30 дена.
Иранските медиуми тврдат дека предлогот ги повикува двете завојувани страни да се фокусираат на „завршување на војната“, наместо само продолжување на актуелниот прекин на огнот.
Осврнувајќи се на предлогот, доцна синоќаТрамп на својот профил на Truth Social напиша: „Тие сè уште не платиле доволно голема цена за тоа што го направиле на човештвото и светот во последните 47 години.“
Тој не ја отфрли ниту можноста за обновување на воени напади врз цели во Иран,
Шефот на американската држава, според тоа што го зборува, се чини дека не е подготвен целосно да се повлече од конфликтот, велејќи дека сака да го реши проблемот со Иран со цел: „ никој да не мора да се враќа за две или пет години“.
