Вонредните избори во Србија ќе се одржат или на 12 јули или во периодот од октомври до крајот на ноември, најави српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк.
„Се ќе биде во наредните шест и пол месеци, најдоцна, а можеби и за два и пол месеца. Во зависност од ситуацијата во државата и во светот, ќе се водиме од државните интереси и причини. Верувам дека изборите ќе бидат демократски“, рече Вучиќ.
Тој најави дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат усвоени во целост во српскиот парламент, како и одлуките на Венецијанската комисија кои се однесуваат на правосудството.
