Вести Свет

ЕК ќе ја распореди првата транша од 90 милијарди вредниот кредит за Украина

Европската унија уште во овој квартал планира да ѝ ја достави на Украина првата транша од 90 милијарди евра вредниот пакет за нејзина поддршка. Брисел ќе ги достави 45-те милијарди евра , од кои една третина е наменета за задоволување на буџетските потреби на Украина, додека остатокот ќе се потроши на нејзината одбрана.

Ќе ја распоредиме првата транша од 45 милијарди евра за 2026, уште во овој квартал, една третина од нив за буџетските потреби, и две третини за украинската одбрана. Првиот одбранбен пакет ќе биде за беспилотни летала од Украина за Украина, вреден околу 6 милијарди евра. Значи, нашата порака е јасна, ќе продолжиме со нашата поддршка за храбриот Украински народ и нивните вооружени сили, изјави претседателката на европската комисија урсула фон дер лајен.

На Киев очајно му се потребни овие средства за да спречи финансиски крах, но и да го продолжи спротивставувањето на руската агресија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Дејан Дејан

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе