По објавата на Црвена Младина дека нивниот претседател Андреј Куцуловски бил приведен од полицијата, МВР излезе со соопштение дека тој истакнал знаме од Палестина на натпреварот, а според законот тие сакале да спречат насилство и недостојно однесување.
„Денеска (28.04.2026) во 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во СЦ „Јане Сандански“, каде се одржувал финалниот натпревар од Светско училишно првенство во ракомет помеѓу Р.С.Македонија и Израел, А.К.(28) истакнал знаме од Палестина. Лицето е приведено во Полициска станица за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Од Левица го осудија настанот, оценувајќи го како непропорционална употреба на сила и најавија дека ќе ги искористат сите правни и институционални механизми за расчистување на случајот.
