Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за сите три кривични дела за кои е обвинет Стојане Јовановски по падот од тераса на неговата сопруга Ивана и нивната шест годишна ќерка Катја.
Јовановски е обвинет за нанесување телесна повреда како резултат на семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување на самоубиство.
„Обвинителството предлага максимална казна за сите три кривични дела, не само заради Ивана и Катја, туку и како порака до општеството дека физичкото насилство не смее да се толерира”, рече обвинителката.
Според неа, големиот број на докази покажале дека физичката и психичката тортура врз Ивана како и нејзиниот постојан страв дека ќе остане без својот дом и без нејзината ќерка, резултирале со нејзиното самоубиство.

- „Обвинетиот не ја турнал од балконот со рацето, но доказите покажуваат дека ја довел во состојба во која таа повеќе не можела да види излез. Последицата е директен резултат на неговото насилство”, посочи обвинителката во завршните зборови пред судот.
Марија Митевска
