Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, изјави дека Иран не е одговорен за прекините во Ормутскиот Теснец, туку вината ја префрли на САД..
Тој нагласи дека актуелната криза е резултат на американските активности во регионот.
Изјавата доаѓа по состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде се разговараше за безбедноста на поморските патишта.
Иравани пред медиумите истакна дека Техеран не презел чекори за затворање на теснецот и дека останува посветен на слободна пловидба.
