Вести Свет

Поранешните израелски премиери Бенет и Лапид се здружуваат за да го поразат Нетанјаху

Двајца поранешни израелски премиерти Нафтали Бенет и Јаир Лапид најавија денеска дека ќе ги здружат силите на претстојните избори во заеднички обид да го поразат долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нафтали Бенет и Јаир Лапид беа премиери според ротирачкиот договор за коалициска влада што ја формираа во 2021 година. Сега двајцата планираат да ги спојат своите партии во единствена формација предводена од Бенет.

Овој потег има за цел да го обедини блокот за да се стави крај на внатрешните поделби и да се фокусира на победа на клучните претстојни избори, се вели во соопштението на партијата Јеш Атид на Лапид.

Во 2021 година, коалицискиот договор на Бенет и Лапид стави крај на 12-годишното владеење на Нетанјаху. Бенет стана премиер во првата година, но коалицијата е распадна. Лапид потоа беше привремен премиер шест месеци, сè додека новите избори не го вратија Нетанјаху на власт.

Лапид остана лидер на опозицијата, додека Бенет се повлече од политиката.

Двајцата политичари имаат идеолошки разлики. Бенет е ортодоксен Евреин со тврдокорни ставови за Палестинците, додека Лапид е секуларен и се смета за поумерен.

Нивниот сојуз сега има за цел да ја обедини фрагментираната опозиција која има малку заедничко освен заедничкото непријателство кон Нетанјаху.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе