Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, кажа дека тековните напори за завршување на војната меѓу Техеран и Вашингтон се „сложен процес“ и важно е да се овозможи „континуитет“ за да се одвива тој процес. Според него многу важно да се даде можност за мир.
- Мислам дека е многу важно да му дадеме континуитет на процесот. Ова е сложен процес. Имаме нуклеарен аспект кој е, секако, исклучително сложен и ова е оној за кој јас, како I(A)EA, се ангажирав. Но, секако, постојат и други важни прашања поврзани со преминот (Ормутскиот теснец), поврзани со балистичките ракети, поврзани со регионалните прашања. Затоа мислам дека е многу важно да се даде можност за мир, вели Гроси.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
