Вести Македонија

Министерот Алиу најави нов закон за лекови

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека наредната недела ќе биде објавен нов закон за лекови на ЕНЕР, усогласен со европските стандарди. Потенцира дека актуелното законско решение за лекови е застарено и се јавила потреба за усогласување со европските регулативи. Информира дека на новото законско решение се работело три години.

„Со законот воведуваме современи решенија за поефикасни, побрзи постапки за одобрување и регистрација на нови лекови. Воведуваме систем за следење на снабдувањето и навремено спречување недостиг на лекови и воведуваме напредни електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката. Сакаме да изградиме поефикасен побезбеден систем за сите граѓани“, рече Алиу.

Тој додаде дека со законот се зајакнува контролата на лековите во сите фази, а во врска со следењето на несаканите дејства се воведува организирано следење на безбедносните сигнали.

„Клиничките испитувања ќе бидат усогласени со ЕУ-регулативата и ќе бидат во согласност со начелата на Водичот на добра клиничка пракса за поголеми права на испитаниците и задолжително мислење од етичка комисија пред да се спроведе клиничкото испитување“, рече Алиу.

Министерот за здравство најави и дека фармацевтскиот отпад од домаќинствата ќе се собира на пунктови во национална мрежа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе