Вести Македонија Најважни

Жена го загуби животот во пожар во семејната куќа во Тетово

Една жена го загуби животот во пожар во семејната куќа во населбата Вонвардарска во Тетово утринава околу 8 часот и 30 минути.

Повозрасната жена била сама во моментот на избувнување на пожарот, бидејќи сопругот бил излезен од домот.

Пожарникарите кои биле повикани од соседи за кратко го локализирале пожарот во една од собите.

  • Имавше запалено куќа. Имаме една жртва за жал внатре во куќата. Пожарникарите отишле таму со 3 камиони и со 8 пожарникари интервениравме. Човекот што бил со неа, бил надвор од куќата, немало некој друг што може да го примети тоа. Комшивее што живеат околу него. приметиле дека има чад и викнале противпожарна единица – изјава Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

По интервенцијата на пожарникарите почнат е увид од полицијата и обвинителството за утврдување на деталите околу пожарот.

Александар Самарџиев

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Петровска: Платите во Армијата и во МО не се зголемени две години – Мисајловски: Ќе растат во наредниот период

Sasko Dimovski

Oбвинувања за предавство, закани со затвор и опсесија со голи функционери – пратенички прашања во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе