Денеска се одбележуваат 83 години од трагичната депортација на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.
По тој повод, државни делегации и претставници на Еврејската заедница оддадоа почит на жртвите со положување цвеќе пред спомен-обележјата во Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски положи цвеќе пред поранешниот Монопол и се обрати на комеморативниот настан. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, Евреите од Битола, Штип и Скопје биле собрани во Монопол, по што биле депортирани во логорот Треблинка, од каде никој не се вратил.
повеќе од изјави на Рахамин Мизрахи, претседавач на УО на Еврејска заедница и Христијан Мицкоски, претседател на Владата
Б.С.
