Лажна дојава на бомба утринава е пријавено во кочанското Општинско основно училиште „Свети Кирил и Методиј“.
Директорот на училиштето Драган Трајчев вели дека во 10 часот биле информирани од страна на полициски инспектори.
Откако е проверено утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба во училиштето.
Ова училиште е најголемо по бројот на запишани ученици на територија на Општина Кочани, во него учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение. Наставата продолжува за учениците од втората смена.
