Вести Најважни Свет

Трамп за новиот ирански лидер: Ќе видиме што ќе се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп даде краток коментар по веста дека Моџтаба Хамнеи е избран за нов врховен лидер на Иран, изјавувајќи во интервју за „Тајмс оф Израел“: „Ќе видиме што ќе се случи“.

Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести дека конечниот збор ќе биде негов.

Мислам дека (одлуката) ќе биде заедничка… донекаде. Ние разговараме. Ќе донесам одлука во вистински момент, но ќе ги земеме предвид сите фактори, изјави американскиот претседател.

Тој додаде дека без него и Нетанјаху, Иран би го уништил Израел.

Трамп повторно го изрази и незадоволството што израелскиот претседател Исак Херцог не го помилувал Нетанјаху во случајот за корупција.

Кажете му на тој претседател веднаш да го помилува, рече Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе